„Пет работи што најмногу ги фрустрираат воспитувачките, а не се добри ни за децата“! (видео)

23.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Пет работи што најмногу ги фрустрираат воспитувачките, а не се добри ни за децата“! (видео)

Според многумина, работата на воспитувачките во градинка е една од најубавите во светот. Секојдневната работа со деца може да биде многу инспиративна, но истовремено и напорна. Воспитувачката Кет, како што раскажала на Тикток, секојдневно наидува на бројни проблеми во работата со деца. Но, открива дека многу повеќе неприлики има со родителите отколку со децата. Таа навела пет работи кои особено ѝ пречат во секојдневната работа со децата, а за тоа пишуваше британски Сан.

1. Ориз

Според Кет, многу родители за ручек на нивните деца им пакуваат ориз. Иако е хранлива и здрава намирница, нејзе не ѝ се допаѓа кога на малечките ненамерно ќе им се оттури ориз на подот бидејќи е тежок за чистење. По нејзината констатација дека „оризот е кошмар за воспитувачките“, се огласија дел од нејзините придружници на социјалната мрежа и понудија решение за овој проблем. Според нив, доволно е да посипете малку песок или брашно врз оризот на подот и тој полесно ќе се исчисти.

2. Обувки

Во последно време, популарни се силиконските влечки и сандали. Како што објаснува Кет, ваквите обувки се многу непрактични за децата; тешко се облекуваат и им прават плускавци на децата, па Кет апелираше до родителите да не се купуваат вакви обувки за најмалите.

3. Гардероба

Според оваа воспитувачка, од некоја причина родителите на мали деца што носат пелени редовно им облекуваат панталони со трегери, што е многу непрактично, особено кога треба да му се промени пелена на детето.

4. Длабоки патики

Кет исто така не ги препорачува длабоките патики за мали деца. Според неа, тие се многу тешки за обување.

- Замислете десетина нервозни дечиња кои сакаат да излезат што побргу во дворот да си поиграат, а вие 10 минути се мачите да му ги облечете патиките на детето - изјавила таа.

5. Капи, шалови, ракавици и играчки

Во текот на зимата секое дете носи капа, шал и ракавици. Проблемот настанува кога тие не се правилно обележани, па таа не знае кому му припаѓаат. Според неа, не е добра идеја ниту да се носат играчки од дома, бидејќи тоа речиси редовно предизвикува кавги меѓу најмалите.

Извор: srecna.republika.rs

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата