Патики и мода: Кои бои се препорачуваат за деновиве?

16.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Патики и мода: Кои бои се препорачуваат за деновиве?

Следат боите и нијансите коишто познавачите ги предвидуваат за годината која штотуку започна.

Доматно-црвена

Оваа боја моментно го освојува стилот. Светла, но безвременска, најдобро функционира на чисти, минималистички силуети каде што нијансата навистина може да блесне. Внесува енергија во, вообичаено едноставнииот избор и изглед - со фармерки, секојдневен џемпер и плетен додаток, пишува српскиот портал „Политика“.

Сенф-жолта

Пригушена и „ретро“ ​- сенф-жолтата боја се чини како природна еволуција на трендот на патики. Често гледана на патики од велур, оваа нијанса го дава и оној истрошен изглед. Се комбинира со темносина, кафеава, но и меки неутрални бои.

Розова

Разиграна, но софистицирана, меката розова е нијанса што докажува дека патиките не мора да бидат „сериозни“. Најчесто се комбинираат со бела, но и некои похрабри бои.

Светлосина

Оваа нијанса нуди помек пристап кон шарените патики. Тоа е топла и свежа боја и совршено се комбинира со тексас, и нешто сиво, се вели во напис на „Дејли мејл“.

Топло бело

Ако не сте подготвени целосно да ги заборавите белите патики, топлата бела е решението. Со кремасти нијанси и суптилни контрастни детали, оваа нијанса делува пообмислено од класичното бело, а воедно се носи подеднакво убаво. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата