„Париз“ е изграден во Кина, но има еден проблем (ВИДЕО)

9.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Париз“ е изграден во Кина, но има еден проблем (ВИДЕО)

Еден од најнеобичните потфати од ваков вид е секако градот Тиандученг, попознат како „Кинески Париз“ - верна, само намалена реплика на француската престолнина.

Тиандухен ги има Ајфеловата кула (висока 108 метри), Елисејската авенија, фонтаната и луксембуршките градини, шарените француски згради, улици и барови...

На прв поглед не би ја забележале разликата, но има еден мал „проблем“.

Ако некогаш сте биле во „Градот на светлината“ веднаш ќе ги препознаете зградите во неокласичен стил, но во Тиандученг нема да наидете на улици кои се живи 24/7.

Од почетокот (отворен е во 2007 година) овој град имаше проблем со недостиг од жители. Со текот на времето, населението се зголемило, но одредени делови се сè уште ненаселени.

Тиандученг не може да се дефинира како „град на духови“, но секако не е населен како другите кинески градови.

Она што го издвојува е препознатливиот „француски шик“ кој можат да го сретнат и странските туристи, пренесува The Sun.

Тој е на два часа возење со воз од Шангај или 40 километри со такси од меѓународниот аеродром Хангжу.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата