Папата Франциск го прими аргентинскиот претседател Милеи

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Папата Франциск го прими аргентинскиот претседател Милеи

 Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска во Ватикан го прими претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, а аудиенцијата  зад затворени врати вo Апостолската палата во Ватикан траеше околу еден час.

Аргентинскиот претседател на папата му подари три подароци, а според Мануел Адорни, портпарол на претседателот, тоа е копија од писмо од мај 1854 година во кое тогашниот министер за надворешни работи на Аргентина, Хозе Марија Гутиерез, му доделил на Хуан Баутиста Алберди клучна дипломатски мисија во Европа.

Вториот подарок е комеморативна разгледница отпечатена од аргентинската пошта во август 2017 година, кога Марија Антонио де Паз и Фигероа, „Мама Антула“ беше прогласена за блажена.

Претседателот Милеи беше придружуван од неговата сестра Карина Милеи, која е генерален секретар на Претседателството на Аргентина.

Педесет и тригодишниот Милеи, роден во Буенос Аирес, положи заклетва како претседател на 10 декември 2023 година.

Според прес-службата на Светата столица, претседателот Милеи потоа се сретнал со  државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, придружуван од надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации.

„За време на срдечните разговори, кои се одржаа во Државниот секретаријат, беше изразена благодарност за добрите односи меѓу Светата столица и Аргентинската Република и волјата за нивно дополнително зајакнување. Соговорниците потоа се осврнаа на програмата на новата Влада за справување со економската криза. Потоа беше посветено внимание на различни теми од меѓународен карактер, особено тековните конфликти и посветеноста на мирот меѓу народите, стои во соопштението.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата