Паднал од трет кат врз автомобил и продолжил да оди како ништо да не се случило (ВИДЕО)

20.11.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Паднал од трет кат врз автомобил и продолжил да оди како ништо да не се случило (ВИДЕО)

Снимката од безбедносната камера се појави на мрежите и брзо стана вирална, а локалните медиуми објавија дека единствената штета е забележана на автомобилот паркиран на улицата Ленин.

Телеграмскиот канал База со шеговит тон пренесува дека момчето не сакало да се „замара со скалите“, туку си заминал низ прозорецот од станот.

Го гледаме моментот кога „слета“ на задниот дел од возилото, а потоа продолжи да чекори и исчезна во темнината.

Сопственикот на автомобилот пријавил штета, вдлабнат покрив и скршено ветробранско стакло, а други детали од инцидентот не се познати.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата