Најџел со години им помага на жени ширум светот да забременат. Во последната деценија, стотици од нив станале мајки со негова помош, а во моментов, како што откри за „New York Post“, десет жени ширум светот го носат неговото дете.
„Имам десет жени кои сега се бремени – во САД, Канада, Азија, Африка и Европа“, изјавил за „NYPost“.
Најновото бебе е родено во Конектикат и тоа му е четврто дете со истата жена. Статистиката е импресивна – само во Њујорк има 56 деца, во Њу Џерси 20, а во Конектикат 13. За разлика од повеќето анонимни донатори на сперма кои остануваат надвор од животот на децата, Ари често е вклучен. Тој одржува контакт со многу од своите деца и сака да поминува време со нив – дури и на заеднички одмори.
„Некои мајки не сакаат да имам улога во животот на детето, но секогаш им ја оставам можноста да си го променат мислењето. Повеќето тоа и го прават кога детето ќе порасне малку и ќе почне да поставува прашања“, објаснува тој.
Некои мајки побарале и финансиска помош, но поради сопствени финансиски проблеми, Најџел не е во можност да ги поддржи на тој начин.
Крај на една ера?
Откако станал татко на повеќе од 160 деца, Нагел најавил дека планира да се повлече од улогата на донатор кога ќе наполни 50 години.
„Физички можам да продолжам, но со годините кај мажите расте ризикот од одредени нарушувања како аутизам“, рекол тој, а пренесува Б92.