Оваа снимка од Алјаска ја замрзнува крвта (видео)

8.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Оваа снимка од Алјаска ја замрзнува крвта (видео)

Дивите ѕверови во потрага по храна и засолниште доаѓаат во населените места.

Животот на Алјаска на многумина им делува мистериозно бидејќи станува збор за далечна и изолирана земја каде времето е студено, а температурите под нулата се присутни речиси во текот на целата година. Во последниве години, Алјаска стана популарна дестинација за привремена работа, обично три до четири месеци, бидејќи платите се исклучително високи, со оглед на условите за работа.

Како што објаснува една Американка на социјалните мрежи која привремено престојувала на Алјаска, во овие студени предели вообичаено е дивите животни да ви доаѓаат на прагот, односно, во потрагата по храна и засолниште, тие доаѓаат во населените места.

Во видеото што го објавила на Tикток, оваа жена ги покажува животните кои секојдневно ја посетуваат.

- Кога ќе ја отворите влезната врата на Алјаска - стои во описот на оваа објава.

На тремот од нејзиниот дом, како што се гледа во видеото, се наоѓаат две лисици и на оградата лежерно си стои белоглав орел.  Иако можеби некоја друга жена на нејзино место би врескала или би ја затворила вратата, оваа жена мирно ги поздравува своите „пријатели“ со  „здраво душички“ по што тие седнуваат на тремот.

Ова им го привлече вниманието на луѓето на социјалните мрежи. Првично видеото се појави на Тикток каде што повеќето корисници биле шокирани велејќи дека од оваа снимка им замрзнува крвта.

- Чекај. Имаме лисица. И волк. А орелот? Само минута!

-Пробај да го погалиш орелот!

- Мислам дека поларната мечка е следна.

- Би им купувала секој ден многу храна.

- Најдобрите соседи - беа дел од коментарите на корисниците на мрежата.

Многумина оваа сцена ја споредуваа со сцена од некој филм или како што рекоа, детска книга. Меѓу коментарите имаше и такви кои рекле дека ова е уникатно искуство и вистински допир со природата.

Некои од корисниците на мрежата се пошегуваа дека животните договориле „состанок“, меѓутоа, повеќето ѝ порачаа на жената да внимава бидејќи ваквите ситуации се опасни и непредвидливи, без разлика колку овие животни изгледаат безопасно.

Извор: srecna.republika.rs

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата