ОВА Е МАЖ МИ, цел живот се грижи за здравјето! Јас пијам ВИНО, тој цеден СОК! ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА РАЗЛИКА МЕЃУ НАС

25.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОВА Е МАЖ МИ, цел живот се грижи за здравјето! Јас пијам ВИНО, тој цеден СОК! ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА РАЗЛИКА МЕЃУ НАС

Приказната за една жена по име Норма Вилијамс го привлече вниманието на луѓето на Редит. Како што вели, нејзиниот сопруг цел живот строго ги следел правилата за здрав живот, додека таа цел живот пиела и јадела што сакала, со големи количини алкохол и опијати. Разликите меѓу нив се големи и физички и здравствено, но ќе се изненадите во чија корист!

– Мојот сопруг е фит и здрав маж во осумдесеттите. Тој не зема лекови. Никогаш не пиел алкохол и не пушел. Беше исклучително внимателен кога станува збор за исхраната и јадеше многу различни овошја, особено портокали. Наместо шеќер, користеше мед во секоја прилика.

Додека јас среќноо го пиев моето вино (литар дневно), тој гордо ќе си сипеше чаша цеден сок од портокал. Освен тоа, ќе изедеше уште најмалку три цели портокали. И додека јас практично со лопата си ставам шеќер во чајот и кафето, тој се ограничи на една лажичка мед во пијалакот.

Не отишол на лекар 28 години. Нема проблеми и живее според сите правила. Но, поради осигурување и двајцата моравме да одиме на преглед. Моите тестови (а имајте на ум дека цел живот уживала во алкохол и лесни дроги) покажаа дека на 70 години имам совршено здравје, дури и црн дроб.

Резултатите на мојот сопруг покажаа неколку проблеми, вклучително и дијабетес тип два. Деталната анализа покажа дека неговото тело е сосема здраво освен панкреасот кој бил оштетен од премногу портокали и мед. Докторите му забраниле портокали, мед, банани – до крајот на животот. Дозволено е повремено да јаде бобинки, киви и грејпфрут. Ќе мора и да вежба.

Денес, шест месеци подоцна, откако ги следеше сите препораки, успеа малку да го намали шеќерот. Тој се уште е дијабетичар и ќе мора да внимава на внесот на јаглени хидрати до крајот на животот, а сето тоа поради портокалите и медот.

 

Norma

Навистина е смешно кога ќе размислите – тој навистина правеше се што требаше, додека јас се убивав во вино и не ми беше грижа, а нему да. Верувам дека добар дел од причината е тоа што вежбам и отсекогаш вежбав, порачала Норма Вилијамс на Редит.

Таа предизвика големо чудење со своите споредби, бидејќи не случајно не изгледа како да има 70 години, а многумина забележуваат дека изгледа неколку децении помладо од нејзиниот сопруг и покрај нејзиниот неуреден начин на живот, додека тој се правел според правилата и сепак добил дијабетес и не ја сочувал младоликоста.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата