Околу 100.000 луѓе на демонстрациите во Минхен против расизмот и антисемитизмот

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Околу 100.000 луѓе на демонстрациите во Минхен против расизмот и антисемитизмот

Податоците доаѓаат од полицијата во градот, додека организаторите на демонстрациите, кои се одржаа под наслов: „Море од светлина за демократија“, соопштија дека на нив учествувале до 300.000 луѓе.

Во текот на викендот во Германија беа организирани демонстрации против крајнодесничарскиот екстремизам.

Бранот протести во земјата, кој започна во јануари, беше предизвикан од информациите дека на состанокот во Потсдам на екстремно десничарските активисти и политичари од „Алтернатива за Германија“, на кој присуствуваа и претставници на централно-десничарските демохристијани, се зборувало за протерување странци од Германија, меѓу кои и имигранти со германски пасоши и баратели на азил. Средбата се одржа во ноември минатата година. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата