Огромен циркулар за малку ќе пресечеше човек на половина: Плачев цела ноќ потоа (ВИДЕО)

1.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Огромен циркулар за малку ќе пресечеше човек на половина: Плачев цела ноќ потоа (ВИДЕО)

Снимките од надзорните камери се појавија на социјалните мрежи, а случајот го привлече вниманието на локалните и меѓународните медиуми.

Во видеото го гледаме моментот кога Римше влегува во продавницата, а секунда подоцна долетал огромен циркулар и - удрил во вратата!

Назабеното сечило, со пречник од 120 сантиметри, излетало од блиското градилиште. Постои сомнеж дека се откачило од машината поради грешка на операторот, пренесува Јаху Њуз.

„Слушнав нешто метално како се тркала по улицата и погледнав во камерата. Ударот нѐ потресе сите“, изјави сопственикот на продавницата Амит Гревал.

Римше истакнува дека неговите деца слушнале за инцидентот на Фејсбук.

„Веднаш дојдоа, ме прегрнаа и плачеа. Очигледно не беше мое време“, рече тој.

Тој додава дека се тресел во продавницата, бидејќи огромната пила удрила во вратата.

„Плачев цела ноќ по инцидентот. Немаше да преживеам ако ме удреше“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата