Објавени се први снимки од мистериозно племе, што живее во целосна изолација (ФОТО)

23.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавени се први снимки од мистериозно племе, што живее во целосна изолација (ФОТО)

Тие биле снимени со автоматски камери, оставени на локации каде вообичаено ја обележуваат својата територија, користејќи разни метални предмети.

Она што особено ги интригира научниците е фактот што навистина не се знае како се нарекуваат себеси, како комуницираат, го организираат својот живот или во што веруваат, пренесува The Guardian.

И покрај притисокот на земјоделците, дрвосечачите, рударите и дилерите на дрога кои „крстарат“ по прашумите, малото племе успеало да се дистанцира од современиот свет - и да го зголеми својот број.

Научниците го нарекуваат племето Масако, по блиската река, додека нивните обичаи, култура и потекло засега остануваат мистерија.

Според Националната фондација за домородните народи (Фунаи), која со децении ги штити бразилските шумски територии, големината на племето е најмалку двојно зголемена од раните 1990-ти, на околу 200 до 250 членови.

Нивното живеалиште е снимено, за време на различни експедиции, а сега имаме можност да видиме луѓе со алат и оружје. Во текот на годините на пасивно набљудување, научниците утврдиле дека ловат со лакови долги три метри и дека ги преместуваат селата од сезона во сезона.

„Врз основа на снимените фотографии, заклучуваме дека тие се слични на луѓето од Сирионо, кои живеат на спротивниот брег на реката Гуапора, во Боливија. Сепак, не можеме да кажеме кои се тие навистина. Многу од тоа е мистерија“, изјави Алтаир Алгајер, претставник на Фунаи.

Оценката дека нивниот број се зголемува е добра вест, бидејќи тоа се случува во времето на демографската катастрофа што го снајде домородното население, предизвикана од уништување на животната средина и „неавтохтона окупација“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата