Нобеловата награда за економија за тројца научници кои работат во САД

14.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нобеловата награда за економија за тројца научници кои работат во САД

Истражувачите, кои работат во САД, денеска беа наградени за нивното истражување за тоа како „институциите го формираат и влијаат на просперитетот“, се вели во објаснувањето на жирито.

Со прогласувањето на добитникот на наградата за економија заврши сезоната на доделување на Нобеловите награди кои ќе бидат врачени на 10 декември.

Досега беа објавени имињата на добитниците на Нобеловата награда за медицина, физика, хемија, литература и мир.

Нобеловите награди постојат благодарение на шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел, изумителот на динамитот, кој сакаше од неговиот фонд секоја година да се доделуваат пари на поединци кои дале најзначаен придонес за човештвото./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата