Младиот човек со солзи на лицето, прво го опишал моментот кога се разбудил од кома во која бил со денови по сообраќајната несреќа што се случила на 28 април.
– Се сеќавам дека се разбудив. Некако магливо. Можев да го видам лицето на мајка ми и забележав дека нешто не е во ред. Ја прашав: “Каде е Сем? Каде е Сем?” А потоа ми кажа дека дошло до несреќа – со скршен глас зборува Хачинсон.
Арик (36) и Саманта (34), да потсетиме, се возеле со голф-количка по свадбена прослава на плажата Фоли, кога во нив удрила „тојота“ која наводно се движела речиси 60 километри побрзо од дозволената брзина. Автомобилот со огромна брзина удрил во количкатакоја што летнала 50 метри и попатно неколку пати се превртела.
Невестата, која се уште била во венчаницата, починала на местото на несреќата. Младоженецот бил хоспитализиран со повреда на мозокот и повеќекратни фрактури на коските на лицето и телото. Уште една жртва, братучедот на младоженецот Бен Гарет, исто така е тешко повреден.
Хачинсон рече дека не се сеќава на моментот на ударот.
– Последно што се сеќавам е дека (Саманта) рече дека сака ноќта никогаш да не заврши – рече тој низ липање.
25-годишната Џејми Комороски, која возела под дејство на алкохол, доби кривична пријава за три кривични дела со последица смрт или повреда и едно ненамерно убиство.
Хачинсон, кој моментално се опоравува дома, емотивно проговори за неговите среќни спомени од брачната ноќ. Тој се присети на чувството дека е опкружен со семејството и пријателите кои патувале од целата земја за да ја прослават свадбата.
– Беше толку среќна – рекол за својата покојна невеста.
Кога го прашале дали има порака за возачот, Хачинсон немал дилеми.
– Украде нешто! Таа украла неверојатно човечко суштество – рекол младиот човек.
Хачинсон поднесе кривична пријава против Комороски и неколку барови за кои тврди дека ѝ продавале алкохол ноќта на несреќата, иако таа веќе била видно алкохолизирана.
Комороски рече дека пиела пиво и текила пред да седне зад воланот, но токсиколошкиот извештај покажал дека нивото на алкохол во крвта ѝ е три пати повеќе од дозволеното ограничување за возење. За време на нејзиното апсење, таа била едвај подвижна и агресивна и на полицијата ѝ рекла дека не направила ништо лошо.
Хачинсон моментално го планира погребот на својата сопруга. Тој се опоравува во нивниот стан.
– Сем остави трага во секој дел од куќата. Убаво е да се биде овде и да имам убави спомени – рекол младиот човек.