Неверојатната приказна на малата Намата расплака многумина

4.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неверојатната приказна на малата Намата расплака многумина

Неверојатната приказна на малата Намата расплака многумина.

Џесика и Адам Дејвис веќе имале четири деца кога решиле да ја посвојат малата Намата (5) од Уганда во 2015 година. Сакале да ѝ обезбедат безбеден дом и среќен живот, па се запрепастиле кога шест месеци подоцна ова девојче им кажало дека насилно било одземено од својата биолошка мајка!

Иако семејството Дејвис имало најдобри намери, тие одеднаш се нашле среде голема истрага за киднапирање и купување деца, главно од Африка.

Додека малата Намата не научила англиски, се чинело дека сè е во ред - одлично се сложувала со другите деца и Џесика и Адам биле убедени дека таа е среќна во Америка. Од агенцијата за посвојување им кажале дека таткото на Намата починал, а нејзината мајка ја запоставувала, дека не одела на училиште и била неухранета.

Меѓутоа, штом ги совладала основните фрази, Намата ѝ кажала на Џесика дека „имала семејство дома во кое била многу среќна, и дека ѝ недостига нејзината мајка која секој ден ја водела на училиште!

Џесика и Адам се згрозиле кога сфатиле дека го разделиле малото девојче од нејзиното семејство.

- Единствената траума што ја доживеало ова дете е последица на тоа што сакавме дете и тоа ѝ го кажавме на агенцијата. „Била среќна дома со нејзината мајка додека не ја киднапирале“, изјавил Адам.

И мајката на Намата била измамена. Имено, таа мислела дека нејзината ќерка ќе биде спонзорирана од пар од Америка. Наводно, целата оваа приказна требало да трае неколку години, таа ќе има одлично образование пред да се врати дома.

Карен Рајли, која раководи со здружението „Unite Uganda“, ѝ помогнала на Намата да стапи во контакт со нејзиното вистинско семејство.

Иако легално ја посвоиле, барем според законот, Џесика и Адам секако се откажале од посвојувањето и приказната на Намата добила среќен крај.

Сепак, ова била само капка во океанот, а случајот на Намата е само дел од една голема истрага за трговија со деца, поради која многу африкански семејства останале без своите најмили, пренесува CNN.com.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата