Несекојдневно застрашувачко искуство од забар во Мексико! (видео)

28.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Несекојдневно застрашувачко искуство од забар во Мексико! (видео)

 Имено, младиот човек седел на столот со отворена уста и го гледал својот очигледно неук стоматолог како пребарува на Интернет, па го извадил својот мобилен телефон и ја снимил целата агонија.

– Дојдов на стоматолог во Мексико и тие почнаа да гледаат упатства пред да почнат да ми го поправаат забот – вели тој во видеото на кое се гледа апликацијата „Јутуб“ на екранот во просторијата за преглед.

@bummercreek
♬ original sound – Bummercreek

Потоа ја завртува камерата кон себеси и покажува како седи на столот со уред за отворање уста.

 Коментарите под објавеното видео на овој тиктокер беа поделени бидејќи некои одбија да веруваат дека стоматологот навистина барал инструкции на Интернет.

-Дури и да знаев како да го направам тоа, сепак би ја пуштил снимката за малку да ги исплашам моите пациенти – се пошегуваа некои за видеото на Валентин.

Сепак, имаше и такви кои се присетија на своите искуства од лечењето заби во Мексико и потврдија дека тоа им оставило лузни за цел живот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата