Недостатокот на железо, зголемениот шеќер или нискиот крвен притисок може да ја наруши циркулацијата во екстремитетите...
Студените прсти на рацете и нозете не се ништо невообичаено за време на студените денови, но ако забележите дека се ледени дури и кога сте во топла соба, тоа може да биде симптом на некои здравствени проблеми, пишува „Брајт Сајд“.
<b>Анемија</b>
Доколку покрај ладни раце чувствувате и некои други симптоми, како замор, главоболка и слабост, не би било лошо да го проверите нивото на железо во крвта. Железото е главната компонента на хемоглобинот, молекулата која носи кислород во крвта и и ја дава црвената боја. Ова е вообичаено нарушување, а недостатокот на кислород може да доведе до ладни раце.
<b>Дијабетес</b>
Чувството на студ, како и пецкање во рацете и нозете може да биде првиот знак за дијабетес. Дијабетесот остава последици на крвотокот, но и на нервниот систем, па често е придружен со овие појави. Доколку покрај ладни раце често чувствувате жед, јадете повеќе и не се здебелувате или слабеете, задолжително проверете го нивото на шеќер во крвта.
<b>Низок притисок</b>
Кога крвниот притисок е низок, крвта се насочува од екстремитетите кон виталните органи, па прстите стануваат ладни. Доколку таквиот притисок е придружен со вртоглавица, замор, гадење и слабост, задолжително посетете лекар.
Дисфункција на тироидната жлезда
Хипотироидизмот или бавното функционирање на тироидната жлезда доведува до забавување на метаболизмот, а чест придружник се студените екстремитети или чувството на студенило. Замор, летаргија, поспаност, бавност на говорот и движењето, како и нетолеранција на високи температури се јасни симптоми на ова нарушување.
<b>Стресот</b>
А стресот може да биде причина за чувство на студ во рацете и нозете. Имено, го зголемува производството на адреналин, хормон кој се произведува во надбубрежните жлезди, кој ги стеснува крвните садови. Како резултат на тоа, циркулацијата е забавена, а рацете и нозете се постудени.
<b>Совет плус</b>
* Кога ви е ладно, спуштете ги рацете и протресете ги. Така крвта ќе се „врати“ во рацете.
* Масажата на прстите е ефикасен лек.
* Носете ракавици и чорапи кога одите на спиење