Нова бјути линија на македонскиот пазар

„Natella Beauty“ го претставува својот прв производ против целулит, 100 процентен ефект!

18.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Natella Beauty“ го претставува својот прв производ против целулит, 100 процентен ефект!

Целулитот и дебелината се сериозен проблем кај голем број жени. Без разлика на причината, генетска предиспозиција, стареење и успорување на метаболизмот, хормонски промени или едноставно лош активен физички живот, и науката и праксата потврдуваат дека целулитот може да ги погоди сите независно од нивната возраст, начин на исхрана или физичка активност. Токму од оваа причина, а се со цел да им се помогне на сите припаднички на понежниот пол полесно да се изборат со овој проблем е формирана новата линија на производи за нега и убавина – Natella Beauty која ја потпишува Наташа Петровска, сопственичката на студиото за ремоделирање на тело „Фигурела“.

„После повеќе од 14 години активна работа со жени, што преку студиото за ремоделирање на тело- Фигурела, што преку Смарт солариум, после низа разговори со клиентки , барајќи се’ за да најдеме идеално решение за доведување на телото до посакуваната форма, дојдов до заклучок дека еден од клучните проблеми во целиот тој процес на ремоделирање дефинитивно е целулитот кој најтешко се отстранува. И покрај тоа што во „Фигурела“ со вежбањето, како и со употребата на апаратот „Ендосфера“ до некаде успеавме да го решиме овој проблем, сепак бев свесна дека недостасува уште нешто за 100 – процентен резултат, па така следејки ги светските трендови и иновации во индустријата за нега и убавина, формулиравме THERMO & CRYO GEL сет кој се состои од 2 препарати со комплементарно и синергистичко дејство. Ова е и прв производ од мојата линија кој се употребува заедно во комбинација“, откри Наташа.

Имено, THERMO GEL-от е антицелулитен гел со екстракт од црвено чили, кој дава силен термоген ефект на загревање на ткивото, стимулирање на лимфниот проток и дренажа, согорување на мастите и зајакнување на сврзното ткиво во и под кожата. CRYO GEL-от, пак, е иновативна формула со ефект на интензивно ладење која ја стимулира циркулацијата на крвта, ги елиминира и го спречува таложењето на мастите и дава моментален лифтинг ефект. Со третманот со Термо и Крио гелот се разбива целулитот, доаѓа до намалување на обемот и слабеење и се добива поцврста, поеластична и помазна кожа. Двата гела се употребуваат комплементарно еден по друг. Паралелно, работевме и на специјално одело за разбивање на целулотот, нешто што досега беше достапно само во ексклузивните центри за слабеење и убавина. Ова одело овозможува отварање на порите на кожата, брза пенетрација на активните состојки и драстично зголемување на термогениот ефект за неверојатни и јасно видливи резултати по секој третман.

Ова се првите три производи од линијата „Natella Beauty“, наскоро ќе следуваат уште многу новитети, а во моментов производите од „Natella Beauty“ се достапни за продажба во просториите на „Фигурела“.

Сите информации поврзани со линијата и геловите за целулит и оделото можете да ги добиете на @natellabeautymk.  Наскоро следуваат уште многу новитети… Бидете негувани, свои и посебни!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата