Реган Андерсон (27) се соочува со две точки од обвинението за сексуална злоупотреба на 17-годишно дете, пишува NY Post.
„Доверлив тренер, учител и пријател ја злоупотреби нашата доверба и ја прекрши заклетвата дека е воспитувач. Таа го уништи животот на нашиот син“, рекла мајката на жртвата на Андерсон за време на судското сослушување во четвртокот.
Мајката на жртвата рекла дека Андерсон требало да биде фокусирана на љубовта на нејзиниот син кон фудбалот, но таа „му ја одзеде таа можност“.
„Ниту еден млад спортист не е безбеден во нашата заедница додека оваа жена е на слобода“, рече мајката.
Андерсон наводно почнала да го злоставува момчето во октомври.
Првиот напад, наводно, се случил во приватна резиденција во Холи Хил, мало гратче северно од Чарлстон, по што следел вториот на паркинг на ресторан за брза храна во блискиот град Санти.
Мајката на момчето тврди дека Андерсон на нејзиниот син му испратил голи фотографии на Snapchat.
Гласините за несоодветна врска брзо се прошириле во академијата Холи Хил и раководството ја контактирало полицијата на 8 ноември.
Андерсон набрзо била отпуштена.
На нејзината страница Линкедин таа се опишала себеси како „многу страсна за децата“.
„Моментално сум мајка што останувам дома и барам можности за работа од дома за да си помогнам на моето семејство и на себе“, пишува во нејзината биографија.
Судијата ѝ одредил кауција од 2.500 долари и ѝ нареди да носи алка на нозете.
Нејзе ѝ е забрането да има контакт со момчето кое наводно сексуално го злоставувала и со неговото семејство.