Кога го видела глодарот, почнала да излегува од водата, наназад, но паднала, а капибарата се нафрлила врз неа. Животното ѝ скокна на грбот и се обидуваше да ѝ ја гризне главата. Ја повлекол за коса и неколку пати ја потопил во водата. За среќа, сè се случило во плитка вода, објави Њујорк Пост.
Се слуша крик на нападнатата девојка и врисокот на најмалку уште едно женско лице на брегот.
Кога веќе се одбранила и успеала да излезе од водата, се појавил „храбар“ маж со стап во рака.
Capybara attack pic.twitter.com/QNknAJf5SX
— LASHY BILLS (@LASHYBILLS) January 12, 2025
Капибара или водена свиња (латински: Hydrochoerus hydrochaeris) е јужноамерикански глодар од семејството на заморчиња (Caviidae). Капибарата населува савани и густи шуми и живее во близина на водни тела. Тој е многу социјален вид и може да се најде во групи од дури 100 единки, но обично живее во групи од 10-20 единки.
Овој вид е тревојаден и се храни главно со трева, водни растенија, овошје и кора од дрвја.