Најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск живее во куѓа од само 50 000 долари, која изгледа како скромна викендичка

12.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск  живее во куѓа од само 50 000 долари, која изгледа како скромна викендичка

Неговото богатство се мери во стотици милијарди долари, но домот што го избрал нема речиси ништо заедничко со типичните вили на милијардерите.

Илон Маск, чие богатство се проценува на 839 милијарди долари, тврди дека поголемиот дел од времето го поминува во куќа вредна околу 50.000 долари во Бока Чика, која ја изнајмува од „SpaceX“.

Овој скромен приземен дом има три спални соби, бидејќи Маск ја претворил гаражата во дополнителна соба, а покрај неа ја користи „Casita“ од компанијата „Boxabl“ како куќа за гости.

Илон Маск со години ја носи титулата еден од најбогатите луѓе на планетата, а според годишната листа на милијардери на „Форбс“ за 2026 година, неговото богатство се проценува на неверојатни 839 милијарди долари. Сепак, кога станува збор за домот каде што тој тврди дека го поминува поголемиот дел од своето време, сликата е сосема поинаква од раскошот што вообичаено се поврзува со милијардери од негов калибар.

Наместо огромна вила со базени, приватни кина и десетици соби, Маск своевремено откри дека неговото главно живеалиште е скромна куќа во Бока Чика, односно во областа Старбејс во Тексас, која ја изнајмува од „Спејс-икс“ (SpaceX).

- Мојата главна куќа е буквално куќа од 50.000 долари во Бока Чика/Старбејс, која ја изнајмувам од SpaceX. Но, навистина е одлична – напиша Маск на социјалната мрежа X.

Тој ја претвори гаражата во трета спална соба.

Куќата се наоѓа во близина на комплексот на SpaceX и однадвор воопшто не личи на дом на еден од најбогатите луѓе во светот.

Станува збор за едноставен приземен објект во светла боја, кој Маск го користи како база додека престојува во Тексас.

За време на гостувањето во подкастот „Full Send“, тој изјави дека куќата првично имала две спални соби, но дека со текот на времето го променил распоредот на просторот.

- Технички, тоа е куќа со три спални соби. Претходно имаше две, но јас ја претворив гаражата во трета спална соба – рече Маск.

Покрај главната куќа, Маск поседува и монтажен објект од компанијата „Боксабл“ (Boxabl), кој го користи како куќа за гости. Станува збор за моделот „Касита“ (Casita), кој во времето кога Маск го набавил чинел околу 50.000 долари и имал површина од приближно 35 квадратни метри.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата