На тинејџер по грешка му уплатиле 9 милиони евра на сметка, сакал веднаш да си купи Порше

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На тинејџер по грешка му уплатиле 9 милиони евра на сметка, сакал веднаш да си купи Порше

На неговата сметка по грешка биле уплатени 8 милиони фунти, односно повеќе од 9 милиони евра, но за жал не му било дозволено да ги задржи парите, пишува The Mirror.

Имено, Дејн неодамна платил чек од неговата баба кој изнесувал 8900 фунти, но дошло до грешка кога банката му платила илјада пати поголема сума. Тинејџерот ѝ ја покажал состојбата на банкарската сметка на мајка си, која исто така била шокирана.

“Не можевме да поверуваме. Мојот син неколку часа мислеше дека е милионер. Во средата наутро на неговата сметка имаше 8,9 милиони фунти. Добро е што ни кажа и не отиде да го потроши сето тоа”, кажа мајката.

„Ми рече дека ќе нарача Порше, а јас му реков: „Не биди луд, тоа не се наши пари, треба да го поправиме ова“, додаде таа.

Банката набрзо ја сфатила грешката и била исправена состојбата на сметката, па Дејн сепак не успеал да го добие своето Порше.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата