На седум годишно дете не му издаваат пасош, зашто е крстен според лик од „Војна на ѕвездите“

19.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На седум годишно дете не му издаваат пасош, зашто е крстен според лик од „Војна на ѕвездите“

Причината? Министерството за внатрешни работи објаснило дека името на момчето ги нарушува авторските права, бидејќи е именувано по популарниот лик од серијата „Војна на ѕвездите“.

Имено, Кристијан го нарекол својот син Лук Скајвокер, а властите побарале од него „да обезбеди дозвола од компанијата Дизни“ за да му издадат пасош.

„Не бевме свесни дека ова може да биде проблем. Разбирам дека средното име на Лук е заштитено, но немаме намера да го користиме за комерцијални цели“, рекол таткото.

Родителите на момчето работат во британската армија, а патувањето во Доминиканската Република требало да биде првиот одмор по повеќе од една деценија, пишува Дејли Стар.

 „Го разбирам образложението на надлежното министерство, но мислам дека треба да сфатат дека модерните имиња се развиваат. Ова предизвика стрес кај моето семејство. Би биле многу тажни доколку мораме да му го смениме името“, изјави Кристијан.

Сепак, британското семејство неодамна добило охрабрувачки вести.

Министерството се предомислило и ги известило дека нивната апликација е во процес. Дополнително, до родителите е испратено и официјално извинување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата