Најмногу риба улови Заим Омури од Урошевац (Феризај), 4.985 грама освојувајќи го првото место во Б-сектор, првото место во А-сектор го освои Бастри Хасани од Пеќ, со уловени 3.745 грама риба и во Ц-сектор Елиот Хаџиу, кој улови 3.105 грама скобал.
-На наше големо задоволство интересот за учество беше голем. За само неколку дена се пријавија 60 рибари, колку што беше предвидената бројка на учесници, иако бројот на оние кои потоа се јавуваа за да учествуваат беше многу поголем. На натпреварот учествуваа рибари од многу градови од државава, како и од Косово. Се мина во најдобар ред, во спортски дух, со познатите рибарски шеги. Имавме и поголем број спонзори кои освен награди обезбедија и оброци за учениците, за што сме многу благодарни, рече за МИА, Бели Халити, претседател на СРД „Трофта“.
На најдобрите им беа доделени пехари и медали, како и други награди обезбедени од спонзори.
Инаку, се ловеше на принцип еден рибар - една трска - еден мамец со тапа, а секој рибар имаше право да носи прихрана максимум 5 килограми, при што се мереше само риба бојник.
Во првата декада од минатиот месец на Дебарско Езеро, исто така, на градската плажа беше одржан натпреварот „Крап куп Дебар 2024“ на кој учествуваа 18 екипи од нашата држава./МИА