Музичар е уапсен поради неподнослива бучава- полицијата му запленила 40 гитари

29.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Музичар е уапсен поради неподнослива бучава- полицијата му запленила 40 гитари

К. Ј. (61) наводно свирел разни гитари и пуштал радио и друга музика многу гласно дење и ноќе од 2019 година, нарушувајќи го сонот и здравјето на своите соседи, според полицијата.

Три лица, на возраст меѓу 60 и 80 години, пријавиле дека страдале од несоница и депресија поради бучавата, додека друго лице рекло дека развило постојано зуење во ушите, познато како тинитус.

„Беше ужасно бидејќи сите видови звуци беа измешани цел ден“, изјавил еден сосед за новинската агенција Кјодо.

Полицијата соопшти дека претходните предупредувања не го промениле однесувањето на човекот, но дека соседите на крајот дале доволно докази за негово апсење.

За време на претресот на станот на Јокоџи, полицијата запленила повеќе од 40 гитари, вклучувајќи голем број електрични, како и ЦД плеери, радио и засилувачи.

Истражителите измериле нивоа на бучава од повеќе од 80 децибели во областа околу неговиот дом, што градските власти го споредиле со бучавата во воз во движење.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата