21-годишникот, познат по презимето Џианг, ја започнал својата „авантура“ во септември минатата година, откако се откажал од запишувањето на факултет. Парите наменети за образование ги користел за патување.
Меѓутоа, кога останал без пари, прибегнал кон „креативна“ шема за да ги наполни џебовите и да обезбеди хотелско сместување, пишува South China Morning Post.
Полицијата се сомнева дека тој внимателно подготвил „колекција“ на реквизити, како мртви бубашваби, прамени коса и користени кондоми, кои ги поставувал во хотелските соби.
去年9月,他未按照计划前往大学报到,而是拿着学费四处游玩。当他快用尽这些钱时,竟然动起了歪脑筋,开始靠敲诈酒店“赚钱”。#星洲日报 #sinchewhttps://t.co/cqcuzl1rpK pic.twitter.com/F7WXqaDurS
— Sin Chew Daily 星洲日報 (@SinChewPress) November 29, 2024
„Во период од 10 месеци, Џианг често престојуваше во хотели, понекогаш пријавувајќи се во три или четири различни во еден ден. Потоа ќе поставеше инсекти, влакна и други работи за да може да поднесе жалба за „нехигиенски услови“. Потоа побарал бесплатно сместување или надомест“, рекол неименуван полицаец од Жеџијанг.
Многу хотели се согласиле со неговите барања, сè додека еден менаџер, по име Ке, го пријавил младиот човек откако побарал 400 јуани (околу 55 долари) поради наводни хигиенски проблеми.
„Откако разговаравме со претставници на други хотели, забележавме шема која се повторуваше“, изјави неименуван член на персоналот на еден ресторан.
По прелиминарната истрага, полицијата го уапсила Џианг, а по претресот на неговите работи, јавуваат локалните медиуми, биле пронајдени 23 пакети со мртви инсекти и валкани кондоми.
Подоцна, полицијата контактирала хотели низ пет провинции за да собере докази, додека Џианг наводно признал дека организирал 63 измами, изнудувајќи повеќе од 38.000 јуани (околу 5.200 долари).