Многумина веќе ги бираат локациите каде ќе го поминат зимскиот одмор

26.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Многумина веќе ги бираат локациите каде ќе го поминат зимскиот одмор

Многумина веќе ги бираат локациите каде ќе го поминат зимскиот одмор, како и деновите за празниците, а во планот често е вклучен и авионскиот превоз доколку се одлучат за подалечна дестинација. Билетите за ова превозно средство се најскапи, но и не мора да биде така ако знаете некои „трикови“ за купувањето да биде во ваша корист. Еве неколку совети за тоа кога да барате авионски билет, кога е најдобро да барате евтин лет и на кои замки од авиокомпаниите да не паѓате.

Според економистот Макото Ватанабе, најдобро време за купување авионски билет е осум недели пред патувањето, додека според мислењата на самите авиокомпании тоа е шест недели претходно, пишува „Love this pic“.

Можеби цената на билетот што го барате во еден момент ќе ве израдува, но ако одлучите да го купите откако ќе се вратите од работа, ќе ве чека изненадување - цената на билетот драстично ќе се промени! Да, цената на билетот се менува и до три пати на ден, па кога ќе забележите дека билетот е поволен - не двоумете се, купете го!

Ако одлучите да побарате карти за викенд, кога не работите и немате одредени обврски, ви советуваме да не го правите тоа. Зошто? Затоа што цените се повисоки во недела отколку во другите денови, а тоа авиокомпаниите го прават намерно. Цената на билетот на овој ден може да поскапи околу 40 отсто, па најдобро е да побарате билети на почетокот на неделата, тогаш се нудат најголемите попусти и „рапродажби“ на преостанатите места.

Исто така, иако пристигнувањето на пораки на вашата е-пошта може да ве нервира, ова може да биде корисно, бидејќи ќе добиете евтини летови за време на празниците. Многу авиокомпании нудат попусти за време на специјални датуми, па затоа искористете го тоа.

Се разбира, не треба да се напоменува дека цените за летовите од големите аеродроми се многу поскапи отколку за помалите, затоа секогаш прво почнете да барате летови од помалите аеродроми, ќе добиете подобар договор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата