Младоженец среде свадба доби експлицитни фотографии од невестата, неговата реакција е хит

9.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Младоженец среде свадба доби експлицитни фотографии од невестата, неговата реакција е хит

На почетокот ја гледаме како разговара со младоженецот, кому му приоѓа една од деверушите и му подава фотографија од Полароид. Потоа настанува хаос.

Младиот човек не можел да го сокрие шокот кога ги видел „палавите“ слики од својата сопруга, но се потрудил да ги погледне неколку пати.

@tardytinkle

this was so fun ☺️😍

♬ espresso sabrina - celebs media

Токму кога се смирил, му пришла друга деверица и му подала нова фотографија. Целосно се збунил и веќе не знаел каде да погледне, пренесува Дексерто.

Тој извика: „Што се случува?“, додека Бејли се кикоти покрај него.

Тој се заврти да провери дали никој не ги видел експлицитните фотографии, а потоа повторно ги „скенирал“.

@tardytinkle Replying to @Courtney ♬ The Night We Met - Marianne Beaulieu

„Погледнете ја реакцијата на мојот сопруг кој доби специјален подарок“, напиша тиктокерката и на тој начин откри дека целата „операција“ сама ја измислила.

Корисниците на популарната платформа биле воодушевени од идејата, а реакциите на младоженецот биле опишани како „непроценливи“.

„Изгледаше како да се бори за живот со секој поглед“, се пошегува една личност.

Многумина веруваат дека со овој потег Бејли ќе започне нов тренд во светот, а дали ќе биде така останува да се види.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата