Мистериозни јаболка се појавија на плажа во САД

4.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мистериозни јаболка се појавија на плажа во САД

„Corolla Wild Horse Fund“ – организација што се грижи за познатите диви коњи во тој крај – соопшти дека вработените и волонтерите собрале неколку вреќи со јаболка, додека подоцна биле пронајдени и дополнителни количини, вклучително и портокали.

Од организацијата истакнаа дека сличен инцидент се случил пред неколку години, кога морето исфрлило големи количества грицки „Доритос“ на истата плажа.

Јаболката не смееле да бидат оставени таму поради дивите коњи. Иако многумина би помислиле дека јаболката се идеална храна за дивите коњи, организацијата предупредува дека нивното оставање на плажата можело да има фатални последици.

Тие наведуваат дека храната што не е дел од природната исхрана на овие животни може да предизвика гушење или грчеви во дигестивниот систем, што може да биде смртоносно.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата