Меѓу земјите-членки на ЕУ, Луксембург има највисок, а Бугарија најнизок БДП по глава на жител

19.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меѓу земјите-членки на ЕУ, Луксембург има највисок, а Бугарија  најнизок БДП по глава на жител

Во Луксембург, според податоците за 2023 година, БДП по глава на жител е за 139 отсто над просекот на ЕУ, по што следат Ирска (111 отсто) и Холандија (30 отсто).

Други осум земји имаат повисок БДП по глава на жител од просекот на ЕУ - Данска, Австрија, Белгија, Германија, Шведска, Финска, Малта и Франција.

Бугарија има најнизок БДП по глава на жител, 36 отсто под просекот на ЕУ, потоа Грција (33 отсто) и Летонија (29 отсто).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата