Маж се обидел да прошверцува над 100 живи змии во панталоните

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маж се обидел да прошверцува над 100 живи змии во панталоните

Мажот бил запрен во пристаништето Футиан на границата меѓу кинескиот административен регион Хонг Конг и главниот град Шенжен, соопштија властите, пренесе Си-Ен-Ен.

Цариниците пронашле шест платнени кеси со змии скриени во облеката на мажот. „При прегледот, царинските службеници открија дека во џебовите од панталоните биле спакувани шест платнени торби со врвка и врзани со селотејп“, се наведува во соопштението.

„По отворањето, цариниците видоа дека во секоја кеса има живи змии од сите големини и бои“, се додава. Во соопштението за медиумите се наведува дека полицајците заплениле 104 змии, меѓу кои и млечни змии и пченкарни змии. Многу од змиите не биле автохтони видови.

Кинеските закони забрануваат увоз на животни од други земји. Во извештајот на царината не е наведено со какви казни ќе се соочи човекот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата