Маск на својот Икс профил прецизираше дека договорот за сите акции е во вредност од 45 милијарди долари, вклучително и долгот од 12 милијарди долари. Според договорот, „икс ЕјАј“ се проценува на 80 милијарди долари, додека Икс на 33 милијарди долари.
- Иднината на „икс ЕјАј“ и Икс се испреплетени. Официјално го преземаме чекорот за комбинирање податоци, модели, пресметување, дистрибуција и талент. Комбинираната компанија ќе испорача поинтелигентни, поосмислени искуства на милијарди луѓе, а во исто време ќе остане доследна на нашата основна мисија за барање вистина и унапредување на знаењето, посочи Маск.
Според него тоа ќе овозможи да се изгради платформа, која не само што го одразува светот, туку и активно го забрзува човечкиот напредок.
Маск Твитер го купи во октомври 2022 година за околу 44 милијарди долари и ја преименува платформата во Икс.