Венецуелската добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година, Марија Корина Мачадо нема да присуствува на денешната церемонијата на доделување награди во Осло поради заканите од авторитарното раководство на нејзината земја, соопшти денеска Нобеловиот институт.
Директорот на Институтот, Кристијан Берг Харпвикен изјави дека Мачадо не е во Норвешка и нема да присуствува на денешното доделувањето на наградата во Градското собрание на Осло.
Мачадо ја доби Нобеловата награда за мир оваа година во октомври за нејзината посветеност на демократските права на венецуелскиот народ. Таа живее во Венецуела, но се крие од властите, бидејќи се плаши дека може да биде убиена од властите.
Канцеларијата на венецуелскиот јавен обвинител неодамна се закани дека ќе ја смета 58-годишната Мачадо за бегалец ако ја напушти Венецуела поради разни истраги против неа.

