Мари Вернер претпоставувала дека животното е мило, иако алпаката покажувала знаци кои би ги натерале сите запознаени со нејзината природа брзо да си заминат. Мари била понижена за само неколку секунди: алпаката молскавично се свртела и ја плукнала во лице, пренесува The Мirror.
Ламите и алпаките се многу популарни животни во зоолошките градини на кои луѓето им се лесни за пристап, тие се сакани поради нивниот уникатен изглед и главно се мирни по природа- додека не дојде до плукање по личноста која се наоѓа пред нив.
@marie_werner ♬ Originalton - Marie
Виралната објава на TikTok споделена од Marie_Verner е прегледана повеќе од 46 милиони пати откако беше поставена на видео платформата на 11 ноември. Видеото оттогаш доби околу 7,2 милиони лајкови и 34.000 коментари.
Во видеото, Мари, која живее во Виена (Австрија), му приоѓа на животното за кое верувала дека е лама. Но, кога Мари се приближила, алпаката со повлечени уши наназад погледна во неа и следното нешто било да ѝ плукна во лице. Мари напиша на видеото, кое потоа го објави на TikTok:
„Никогаш повеќе нема да допрам лама“.
Постојат неколку причини зошто плукаат ламите и нивните братучеди алпака. Тие обично го прават тоа за да ги предупредат другите членови од истиот вид - женката го плука мажјакот да ја одбие неговата покана за парење. Ламите и алпаките укажуваат дека ќе плукаат по некого, а сигурни знаци дека тоа ќе го направат се: „залепени“ уши до главата, агресивно ослободување на воздух од ноздрите и фрлање на брадата наназад додека се наведнуваат напред.
Ако ги игнорирате овие предупредувачки знаци, најверојатно ќе ве „плукаат“. Плунката од лама или алпака е мешавина од гастричен сок и несварен растителен материјал со непријатен мирис.
Многу луѓе кои ја коментираа оваа објава на социјалните мрежи слатко се изнасмеаа, а имаше и такви кои беа изненадени кога дознаа дека ламите и алпаките плукаат, мислејќи дека тоа се случува само во видео игрите!