Луѓето расправаат дали би го оставиле партнерот за пари, еден одговор е хит

30.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Луѓето расправаат дали би го оставиле партнерот за пари, еден одговор е хит

На Reddit се разви дискусија околу едно хипотетичко сценарио: што би направиле ако таткото на вашиот партнер/ка кој е милијардер ви понуди шест милиони долари за да ја прекинете врската? Прашањето беше објавено на подфорумот r/AskReddit и набргу предизвика низа духовити, цинични и прилично безобѕирни одговори.

„Побарај 10 милиони“

Најпопуларниот коментар, кој доби импресивни 16.000 гласови, беше краток и јасен: „Побарај 10 милиони“.

Следуваа и подетални предлози. Еден корисник напишал дека прво би ја покажал понудата на партнерката за да открие што се обидува да направи татко ѝ. Потоа прокометирал дека заедно би можеле да смислат начин да „извлечат повеќе пари од старецот“ пред да побегнат заедно.

Друг корисник отишол многу подалеку, шегувајќи се дека со тие пари би можеле да „ангажираат платен убиец“, што би довело до она што тој го опишал како „заедничко гарантирано уништување“. „Но, таткото може да си дозволи повеќе платени убијци“, возвратил друг корисник.

Некои споделиле искуства од реалниот живот

Еден од корисниците претпоставил дека таквата понуда всушност би можела да биде тест. Тој се присетил како неговиот татко еднаш направил нешто слично со едно момче што се гледало со неговата сестра. Наводно, таткото му понудил неколку стотици долари (или повеќе) за да ја прекине врската со неговата ќерка, бидејќи сакал таа да го продолжи образованието, а врската да не ѝ ги попречи плановите. „Момчето ги зеде парите, а еден час подоцна сестра ми му се јави на татко ми плачејќи дека дечко ѝ ја оставил“, напишал корисникот, додавајќи дека верува оти татко му постапил правилно.

Во друг коментар, еден корисник споделил приказна за поранешен колега кој, според него, не бил особено бистар, но направил една многу паметна работа во животот: се оженил со ќерка на милијардер. Тој, наводно, првично го советувал колегата да не се впушта во врска со ќерка на толку познат и богат човек, но колегата не го послушал.

Подоцна тој ја изневерил, а бракот завршил со развод. Корисникот се присетил дека по разводот на бирото кај својот колега видел чек за алиментација од 25.000 долари, тврдејќи дека тој износ го примал секој месец и требало да го добива до крајот на животот.

Многумина прашале зошто тој воопшто сè уште работи, со оглед на тоа што со таков месечен приход лесно би му овозможил да се пензионира. Други пак коментираа дека им е чудно што милијардерот не инсистирал на предбрачен договор.

„Би уживал во моите шест милиони“

Некои учесници во дискусијата немале дилеми. „Би уживал во моите шест милиони долари“, напишал еден корисник, добивајќи повеќе од 300 гласови. Друг бил уште подиректен: „Ако еден милијардер не те сака во своја близина, нема ни да бидеш таму“.

Судејќи според коментарите, шест милиони долари навистина би биле доволно силна причина за многумина да стават крај на врската.

Извор: index.hr

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата