Леонардо ди Каприо деновиве е фотографиран во Милано. Со него е манекенката Виторија Черети (25), но и мајката на актерот Ирмелин. Фотографите ги снимиле пред музејот Пинакотека Амбросиана. Ди Каприо се обидел да се сокрие под капата кога излегувал од музејот, а Виторија одела пред него. Фотографиите ги објави Пејџ Сикс.
Инаку, Виторија е родена на 7 јуни 1998 година како ќерка на Џузепе Черети, сопственик на компанија за подови и Франческа, домаќинка. Кога имала 14 години, се пријавила на натпреварот Elite Model Luke во Италија, каде стигнала до финалето. Денес е успешен италијански модел.
Носела ревии за брендовите Chloé, Paco Rabanne, Alexander McQueen, Ralph Lauren, Alexander Wang, Versace, Roberto Cavalli, Dolce & Gabbana, Armani, Prada, Marc Jacobs, Michael Kors, Bottega Veneta, Tom Ford, Tommy Hilfiger…
Позирала и за насловните страници на Вог во различни земји како Германија, Италија и Јапонија. Италијански Вог напиша дека таа е најбараниот модел за 2018 година на нивната веб-страница.