Лекција од една жена која секој од нас треба да ја научи!

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лекција од една жена која секој од нас треба да ја научи!

Светот стана суров и денес ретко ќе видите некој некому да му укаже помош без да го познава. За жал, многумина кои минуваат по улиците не се осврнуваат на луѓето околу себе и го одвраќаат погледот доколку некому му е потребна помош. Повеќето се водат од идејата дека треба „да си ја гледаме својата работа и да не се мешаме во туѓите проблеми“. Сепак, некои настани не можат да останат незабележани, доколку се случат пред наши очи, а ние сме директни сведоци.

На Интернет кружи снимка со момче кое го задеваат две девојки, обидувајќи се да му го земат ранецот. Момчето сосема случајно се нашло покрај една клупа на која седат жена, маж и дете, па тоа не можело да помине незабележано. Гледајќи како девојчињата му го тргаат ранецот,  жената веднаш скокнала да го одбрани момчето.

– Извини, што правиш? Твој е ранецот? – ѝ се обратила таа на една од девојките, потоа се свртела кон момчето да го праша дали е добро.

Откако го зела ранецот од девојката и му го вратила на момчето, жената згрозено повторно ја прашала зошто го направила тоа.

– Затоа што е чуден – рекла девојката исмевајќи го момчето.

– Не, ти си чудна. Не е добро да ги напаѓаш другите, во ред? Дојди и ти за момент! – ѝ се обратила жената на другата девојка.

– Зошто го направи тоа? Навистина немате друга работа? – им се обратила таа и потоа го остава момчето да си оди.

Се разбира, ова бил само социјален експеримент за да се утврди дали и колку луѓето помагаат кога некој е малтретиран на улица.

– Ве молам, не правете ги овие експерименти на мене бидејќи ќе завршам во затвор.

– Апсолутно мајка и учителка.

– Начинот на кој ја вклучи и другата девојка, неверојатно.

– На светот му требаат повеќе вакви жени!

– Мајчински инстинкт – беа дел од коментарите.

Како што се согласија сите, жената го положила тестот и покажала високо ниво на хуманост и совесност. Корисниците на Тикток се согласија дека ова е одлична лекција за многумина кои ги игнорираат другите на кои им е потребна помош. Иако станува збор за социјален експеримент, жената исто така им покажала на помладите како да се однесуваат кон послабите и немоќните лица, испраќајќи силна порака дека да се биде добар, не чини ништо, но може некому да му го разубави денот.

@matt.tv Would you help the boy? #foryou #foryoupage #experiment #awareness #kindness ♬ original sound – Matthew Bandeira

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата