Лавица го нападна и половина час го држи во канџите- сите посматраат, додека човекот не направи нешто неочекувано (ВИДЕО)

9.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лавица го нападна и половина час го држи во канџите- сите посматраат, додека човекот не направи нешто неочекувано (ВИДЕО)

Ѕверот го соборил несреќниот човек на земја и го држел со канџите за да го спречи да избега, додека тој се обидувал да ја смири - галејќи ја.

Таа ги покажала забите и ржела

На вознемирувачката снимка се гледа локален сточар како се обидува да се ослободи од стисокот на големата мачка. Во позадина се слушаат вресоците на собраните луѓе, но никој не се осмелил да се приближи и да се обиде да го спаси.

Лавицата ги покажала забите и ржела во неколку наврати, додека човекот лежел приклештен под нејзините нозе. Според локалните медиуми, животното го држело речиси 30 минути.

Инцидентот се случил на 6 јули во селото Гараџија, објавува Дејли Меил.

Според сведоците, лавицата одеднаш го нападнала човекот додека тој одел да го храни добитокот. Таа го соборила на земја и почнала да го гребе по ногата.

Луѓето што се нашле во близина се обиделе да го исплашат ѕверот фрлајќи камења и викајќи, но нивните обиди биле неуспешни.

Наместо тоа, несреќниот човек решил да направи нешто неочекувано - почнал да ја гали лавицата за да ја смири. Оваа необична тактика се покажала како успешна.

„Ме нападна одзади и ме собори“

По некое време, лавицата се откажала и се повлекла кон блиската шума, а човекот бил однесен во локална болница, каде што се лекува.

Во интервју за локалните медиуми, тој ги опишал моментите на ужас.

„Одев да го хранам добитокот кога лавицата одеднаш ме нападна одзади и ме собори. Ме фати за рака и не сакаше да ја пушти долго време“, рекол тој.

Само неколку недели пред овој инцидент, петгодишно момче било убиено откако било нападнато од лавица во областа Амрели. Детето наводно шетало со својот дедо кога дивото животно ги нападнало.

Шумската служба започна потрага по лавицата што го нападна овчарот, со цел да ја пронајде и безбедно да ја отстрани од областа каде што повторно би можела да претставува закана за луѓето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата