Најдобар доказ за тоа се Кристина Савина и Сем Џума, еден од најпознатите „мешани“ парови на социјалните мрежи, кои само на ТикТок ги следат околу еден милион луѓе.
Нивната љубовна приказна заслужува, ако не филм, тогаш барем роман. Казахстанката Кристина Савина (30) и Сем Џума (31) од Уганда се запознале пред осум години во еден бар на Куба. Таа била на одмор со семејството, тој со пријателите.
И, како што често се случува, особено на егзотични дестинации, љубовта пламнала на прв поглед. Зашто, како поинаку да се објасни тоа што по само една недела познанство одлучиле да живеат заедно?
Потегот, денес можеме слободно да кажеме, бил исправен. Но, секогаш постои едно „но“... Во некои делови од светот сè уште не се гледа благонаклоно на луѓе од различна раса и боја на кожа. Покрај сè, на Кристина сигурно не ѝ било лесно да го остави сè и да се пресели на друг континент, во Кампала, главниот град на Уганда. Но, не се откажала од храбрата одлука и целосно му верувала на својот избраник. Сѐ уште се во Африка.
За сѐ да биде уште поубаво, неодамна со следбениците ја споделија среќната вест – очекуваат бебе. Најголемата желба на вљубениот пар наскоро ќе се оствари. Бидејќи останале заедно сите овие години, јасно е дека ниту една предрасуда ниту препрека не може да ја наруши нивната хармонија. А имало и такви.
„Персоналот во рестораните често нè третира различно – како да ме ценат повеќе мене. Мене ми поставуваат повеќе прашања и воспоставуваат контакт со очи, додека во Сем или зјапаат или го гледаат скришно. Има и луѓе што нѐ навредуваат на мрежите, но мислам дека само бараат внимание“, изјавила Кристина за „NeedToKnow“, додавајќи дека луѓето често мислат дека таа е негов адвокат или дека тој е нејзин туристички водич.
Порано имало многу негативни коментари. Парот решил сите тие критики и осуди да ги претвори во добра забава, па често во видеа одговарале на навредите од следбениците.
„Секогаш не нè интересира како се однесуваат некои кон нас. Изградивме цврста основа што никој не може да ја урне. Кога ќе го сретнеш вистинскиот, ништо друго не е важно.“
Многу нешта се случиле одеднаш, вели таа. Била нервозна кога заминувала за Африка, свесна дека ја напушта семејната средина и се сели во сосема поинакво опкружување.
„Сепак, бев и возбудена бидејќи започнував ново поглавје во животот. Од првиот момент кога го видов во барот, знаев дека тој е вистинскиот. Семејствата не нѐ осудија. Сфатија дека сме среќни и дека се сакаме. Љубовта нема боја. Моите родители ни посакуваат само најдобро. Во Сем ја видоа добрината – тоа ги олесни работите.“
Кристина и Сем наскоро ќе се венчаат. Не планираат да ја напуштат Африка, напротив – сакаат да отворат училиште во нивното место.
„Овде го најдовме нашиот мир. Сè е лесно и сите се љубезни. Кристина ја третираат како кралица каде и да оди. Африканците ги сакаат сите луѓе“, објаснува нејзиниот избраник, пренесува Блиц.