Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот

29.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот

Кралот Чарлс упати длабоко сочувство до народот на Мјанмар, во негово лично име и во име на кралицата Камила, поради загубата на најблиските, домовите и средствата за живот.

Британскиот крал изрази восхит од извонредната сила и дух на народот на Мјанмар, кој, како што рече, поради земјотресот и натаму е изложен на тешкотии и трагедии, пренесе Би-Би-Си. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата