Корморан побарал помош во болница во Бремен

17.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Корморан побарал помош во болница во Бремен

Корморанот завчера бил пред вратата на клиниката „Линкс дер Везер“ („Klinikum Links der Weser“), во Бремен со рибарска јадица заглавена во клунот. Според пожарникарската екипа, направено е сè што било во нивна моќ, заедно со медицинскиот тим. По што,  јадицата била остранета, а раната санирана. Откако ѝ била пружена помош, птицата била пуштена во паркот на болницата.

Според противпожарната служба, со оглед на градбата на корморанот-голема птица со долг врат, клиновидна глава и карактеристичен остар клун со закривен врв, рибарската јадица во клунот може да биде многу опасна. Тоа може да доведе до инфекции, болка и неможност за хранење. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата