Жељко Јоксимовиќ прозборел после еден месец по страшната трагедија што се случи во Србија.
Пејачот истакна дека сите го прашувале зошто не дава изјави зошто решил да молчи, а тоа го објавил на својот Инстаграм.
– Многу луѓе претходните денови ме прашуваа зошто молчев. Се случија толку големи трагедии што сите останавме без зборови. Колку подолго молчите, толку е потешко да се зборува. Образование, не оружје. Дијалог, а не омраза. Србија која помирува, а не Србија која дели. Сето тоа го слушнав вечерва и мислам дека така треба – напишал Жељко Јоксимовиќ.