Предлогот предвидува собирање на 250 милијарди долари годишно за поддршка на земјите во развој до 2035 година. Средствата ќе се прибираат од јавни и приватни извори, билатерални и мултилатерални, како и од алтернативни извори.
Фондот, познат како Нова колективна квантифицирана цел (NCQG), ќе се користи за националните климатски планови, мерки за адаптација и транзиција кон нискојаглеродна економија.
Документот ги повикува земјите во развој да дадат дополнителни придонеси, вклучително и преку соработка меѓу јужните држави. Голем дел од јавните средства ќе се насочат преку постојни фондови како Фондот за адаптација и Фондот за најсиромашните земји.
Преговарачките страни започнаа дискусија и преговори за текстот.
Конференцијата на ООН за климата е предвидено да заврши вечерва.