Ќе умрел од крварење- докторите од главата му извадиле 150 живи инсекти (Вознемирувачко видео)

22.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќе умрел од крварење- докторите од главата му извадиле 150 живи инсекти (Вознемирувачко видео)

Неименуваниот маж страдал од крварење од носот од октомври минатата година, но контактирал со специјалисти дури кога му отекло лицето и усните.

„Не можев да станам без да ми крвари носот. Кога дојдов на преглед, докторот ми рече: „Гледам нешто што се движи“, вели пациентот.

Д-р Дејвид Карлсон извршил преглед со камера, а потоа видел десетици бубачки кои се хранат со мекото ткиво, истовремено исфрлајќи измет во шуплините на синусите, што предизвикало воспаление, пренесува New York Post.

„Големината на бубачките варираше, но поголемите беа како врвот на мојот мал прст“, објаснил докторот.

Тој додава дека ги отстранил и ларвите кои влегле во мекото ткиво, а при интервенцијата користел различни инструменти.

На социјалните мрежи се појави видео кое може да биде вознемирувачко за некои читатели, а прикажува ужасни сцени во носната празнина на пациентот.

„Бубачките беа во близина на основата на черепот, веднаш под мозокот. Да поминеа, можеа да го убијат“, изјавил доктор Карлсон.

Пациентот претпоставува дека паразитите му завршиле во носот откако имал контакт со мртва риба.

Д-р Карсон истакнува дека во неговата долга кариера како специјалист за ОРЛ, никогаш не видел ваков случај во САД.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата