Овие препораки се дел од новите национални насоки за „Здраво користење на екрани“, кои денеска ги претстави државниот секретар Винсент Кареманс, пренесе НЛ Тајмс.
Препораките, кои се советодавни и не се правно обврзувачки, се однесуваат на апликации како „ТикТок“, „Снепчет“, „Јутјуб“, „Инстаграм“ и „Фејсбук“.
Предлогот следува по притисокот од родители, научници и мнозинството во холандскиот парламент за ограничување на пристапот на децата до паметни телефони и социјални мрежи.
Во март, пратениците Ханеке ван дер Верф и Џеси Сикса Дајкстре предложија минимална старосна граница од 15 години и повикаа на координација со другите европски земји, како на пример Данска и Франција, каде се разгледуваат слични мерки.
Анкетите покажуваат дека четири од пет холандски родители ги поддржуваат ваквите ограничувања, додека експертите предупредуваат на сериозни ризици за физичкото и менталното здравје на децата.
Новите насоки ќе содржат и препораки за времето што предучилишните деца го поминуваат пред екрани.