Нападот, кој се случил вчеравечер се смета за една од најголемите кражби во историјата на криптовалутите. Според анализата на компанијата „ТРМ ЛАБС“ зад кражбата стои севернокорејска хакерска група, која украдените средства ги пренасочила кон дигитални адреси под нејзина контрола. Од компанијата „Бајненс“ соопштија дека нападот бил овозможен поради компромитиран компјутер на вработен, но истрагата која се уште е во тек, открила и други точки на пробивање. Од компромитираните средства, до сега се замрзнати околу три милијарди долари, а од компанијата уверуваат дека ќе бидат покриени сите загуби на корисниците.
Експертот за пазар на капитал Иван Ивановски, вели дека за разлика од акциите криптовалутите овозможуваат директен пренос на средствата, што ги прави поизложени на вакви злоупотреби.
- Заради тоа е битно луѓето да сфатат инвестирањето во акции каков ризик носи, а инвестирањето во крипто каков ризик носи. Зборам од оваа страна, за безбедносен, заради тоа што, пак ќе повторам, акциите се чуваат и кај инвестицискиот фонд, и кај депозитарната банка. Ние така функционираме. И во случај едниов субјект или другиот и да биде хакиран, повторно не може. И плус, кај криптото вие може да испратите средства на било која адреса, додека кај инвестирањето во акции само лицето што ги инвестирало средствата, само може тоа исто лице назад да ги повлече средствата,- Иван Ивановски – експерт за пазар на капитал.
Бајненс е една од најпопуларните криптоплатформи и меѓу македонските граѓани, но Ивановски вели дека нема прецизни податоци за тоа колку домашни корисници се засегнати од нападот. За поголема заштита при чувањето на криптовалутите, Ивановски препорачува користење на физички дигитални паричници кои не се поврзани на интернет.
- Едното од решенијата е да користат cold wallet. Тоа е, уствари, нивен физички дел и не е врзан со интернет. На тој начин е побезбедно да се чуваат средствата, не кај менувачниците. Но, ова е случај... изолиран случај што може да се случи на секој, но тука голема е грешката и заради самото тоа што криптото е толку отворено, може директно да се трансферираат средствата,- Иван Ивановски – експерт за пазар на капитал.
Нападот предизвика потрес и на криптопазарот. Биткоинтот и етериумот паднаа за околу 5%, а криптовалутата поврзата со Бајненс, БНБ загуби 7% од вредноста..Аналитичарите предупредуваат дека последиците врз довербата на ивеститорите може да се чувствуваат подолг период.

