Кејт расположена во друштво на семејството на терасата на Бакингемската палата (ВИДЕО)

15.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кејт расположена во друштво на семејството на терасата на Бакингемската палата (ВИДЕО)

Кралскиот коментатор Ричард Фицвилијамс изјави за MailOnline: „Денешниот изглед на Кејт е од клучно значење бидејќи кралското семејство е значително ослабено поради двајца постари членови кои се борат со ракот. Тоа е особено значајно бидејќи не сме ја виделе на официјален ангажман од декември“.

„Јасно е, од трогателната видео порака во март, како и од изјавата објавена вчера, дека таа е силна и отпорна на сѐ“, додаде тој.

„Денешната роденденска парада е многу посебен ден. Таа е многу посебна личност која има место во сите наши срца“, рече Ричард.

Денеска е официјален роденден на кралот Чарлс во Велика Британија, а повеќе од 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи учествуваат на парадата Trooping the Color, која по тој повод се одржува во Лондон.

Кралското семејство се собра на балконот на Бакингемската палата над кој прелетаа повеќе од 30 воени авиони, пренесува Мирор.

Стотици полицајци беа распоредени на улиците за безбедност на насобраните.

Портпаролот на палатата рече дека кралот Чарлс III е „воодушевен што принцезата може да присуствува на настаните“.

Да потсетиме дека Кејт ја сподели дијагнозата на рак со јавноста на 22 март. Во тоа време, во претходно снимена видео порака, таа рече дека планираната операција на абдоменот во јануари била успешна и дека првично се сметало дека нејзината состојба не е канцерогена, но тестовите покажале присуство на рак. Таа потоа започнала со третман, вклучително и хемотерапија која започнала во февруари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата