Тина Тарнер почина на 84-годишна возраст во својот дом во Швајцарија, по долго боледување, а светот остана без зборови од тага.
Легендарната пејачка и една од најголемите ѕвезди на сите времиња, кралицата на рокенролот Тина Тарнер, почина на 84-годишна возраст и во црно ја напушти светската музичка сцена.
Тина Тарнер, родена Ана Меј Булок26. Ноември 1939 година во Натбуш, Тенеси. Таа беше американска пејачка и актерка чија успешна и завидна кариера траеше повеќе од шеесет години.
Нејзината мајка била работничка во фабрика, а нејзиниот татко бил свештеник. Нејзините родители се разделиле кога таа имала десет години, па таа и нејзината постара сестра пораснале со нивната баба. По смртта на нејзината баба и кога имала шеснаесет години, таа се преселила со сестра и и мајка во Св. Луис, каде што посетувала училиште.
Нејзиниот успех, популарност и бројни награди и ја донесоа титулата „Кралица на рокенролот“. Тина Тарнер ја започна својата кариера на само 19 години, во 1958 година како пејачка и придружен вокал во „Kings of Rhythm“ заедно со Ајк Тарнер, подоцна нејзиниот сопруг, со првиот сингл т.е. со песната „Малата Ен“ посветена на нејзиното име.
Во 1960 година, на пошироката јавност и стана позната како Тина Тарнер кога настапуваше покрај Ајк Тарнер, со кого беше во брак од 1962 година до нивниот жесток развод во 1978 година, кога цврсто одлучи да не биде жртва на семејно насилство.
Најголемите музички хитови во нејзината кариера се: „Simply the best“ или „The Best“, „Proud Marry“, „I don’t Wanna Loose you“, „1984“, „What’s Love Got to Do with it“, Приватна танчерка“, „I Can’t Stand the Rain“, „Help“, „River deep – Mountain High“, синглот што го отпеа со Ајк Тарнер, „We Don’t Need Another Hero“ и многу, многу други хитови.
Таа се прости од своите фанови во 2021 година, објавувајќи дека сака да го помине остатокот од животот во мир и приватност. Таа беше швајцарска државјанка од 2013 година, а почина во својот дом во оваа земја.
Тина Тарнер важи за една од најпопуларните пејачки во светот со повеќе од 180 милиони продадени албуми ширум светот.