Почетокот од секоја врска за жените е исполнет со моменти на возбуда, очекувања, но и многу прашања. „Дали односот има иднина, дали емоционално да се препуштам и кога е време за интимен однос“?
Ако некогаш сте се запрашале што повеќето жени бараат од партнерот, магазинот „Саншајн“ одлучи да ја разјасни оваа дилема според конкретни податоци. Тие спровеле анкета кај повеќе од 2.000 жени на возраст од 18 до 35 г., и резултатите биле изненадување.
Во зависност од тоа дали сакаат краткотрајна авантура или долгорочна врска, дамите кога избираат партнер за интимен однос, обраќаат внимание на најмали ситници.
Иако се верува дека жените избираат мажи според физичкиот изглед, вистината е покомплексна дури и денес, кога социјалните мрежи и современите трендови физичкиот изглед и материјалниот статус ги ставаат во прв план. Меѓутоа, сепак дамите бараат нешто повеќе од својот партнер.
Карактер
Дури 89% од испитаничките карактерот на партнерот го ставиле на прво место, пред изгледот, парите, па дури и хемијата. Искреноста, стабилноста, вниманието, емоционалната зрелост биле најчестите зборови со кои жените ги опишувале мажите со кои посакуваат однос или врска.
Финансиска сигурност
На второ место, 77% од жените ја избрале финансиската сигурност. Овде не станува збор за богатство, туку за тоа мажот да има стабилна работа, да знае да планира и да размислува одговорно за иднината.
Физички изглед
Иако физичкиот изглед и меѓусебната привлечност и понатаму се важни, 75% од жените сметаат дека добриот изглед е пожелен, но не и одлучувачки фактор.
Патувања и хумор
Жените сакаат мажи кои сакаат да патуваат, ова е важна карактеристика која ја издвоиле дури 69% од испитаничките. Жените ја ценат и смислата за хумор и сакаат мажи кои знаат да ги насмеат. Повеќе од 62% од жените испитаници ја издвоиле смислата за хумор како важна карактеристика.
Семејни односи и зрелост
Половина од жените, 50%, сметале дека е важно партнерот еден ден да посака да основа семејство, што укажува на тоа дека сериозните и стабилни врски и понатаму се сметаат за повредни од авантурите за една ноќ.
Автомобил
Интересно е тоа што 47% од жените навеле дека им е важно мажот да има возачка дозвола и да поседува автомобил. Тоа не мора да е скап автомобил. Дури 44% од нив го издвоиле либидото и сексуалното искуство за важно. Комуникативноста и дружељубивоста ги издвоиле за важни 41% од дамите, додека животните амбиции и цели како важни ги истакнале 38% од жените.