Како телото ни кажува дека е дехидрирано: ОВА СЕ ЗНАЦИТЕ

9.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како телото ни кажува дека е дехидрирано: ОВА СЕ ЗНАЦИТЕ

Дехидрацијата настанува кога нашето тело губи повеќе течност отколку што добива, а кога нормалната содржина на вода во нашето тело е намалена, доаѓа до нарушување на рамнотежата на минералите (сол и шеќер), што значително влијае на неговото функционирање.

Според NHS, водата сочинува повеќе од две третини од здравото човечко тело, а најмногу од сè, помага во одржување на здравото варење, ги отстранува отпадните материи и токсините од телото и ја одржува нашата кожа здрава.

Како што објаснуваат експертите, телото е засегнато дури и кога губиме мала количина течност.

Дехидрацијата обично е предизвикана од недостаток на течности во телото, а климата, тренингот што го правиме (особено во топло време) и нашата исхрана можат да придонесат за дехидрација. Можеме да дехидрираме и поради болест, како што се повраќање и дијареа или потење поради покачена температура.

Но, многу луѓе често не знаат како да ги препознаат првите симптоми на дехидрација, што може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Како што нагласуваат лекарите, некои од раните предупредувачки знаци на дехидрација вклучуваат:

– чувство на жед и вртоглавица

– сува уста

– замор

– темна урина со интензивен мирис

– намалена потреба за мокрење.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата