Како да препознаете бездушна личност?

6.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Како да препознаете бездушна личност?

Емпатијата е способност да ги разбереме туѓите чувства и да сочувствуваме со другите. Нејзината спротивност е емоционалното студенило, рамнодушноста и отсуството на сочувство

Заида Слабекорн, сертифициран експерт за меѓучовечки односи за списанието YourTango, наведува дека таквите „студени“ луѓе обично лесно се препознаваат. Сепак, понекогаш тие можат да ја сокријат својата вистинска природа. Во такви случаи, треба да обрнете внимание на навидум безопасните фрази што ги користат во секојдневната комуникација.

„Ќе преживееш“

Наместо да дадат поддршка некому кој минува низ емотивно тежок период, овие луѓе го минимизираат. Со ова порачуваат дека ситуацијата не е вредна за вознемирување и со тоа ги потценуваат туѓите чувства.

„Тоа не е мој проблем“

Избегнувањето на туѓите грижи е типично за лицата кои немаат развиено емпатија. Тие ретко нудат помош ако од тоа немаат лична корист бидејќи туѓите маки едноставно не ги допираат.

„Размислувам логично“

Логиката е вредна во решавањето проблеми, но емоционално дистанцираните луѓе често ја користат како штит. Со повикување на „чиста логика“, тие избегнуваат емоционално вклучување и ги игнорираат чувствата на другите. Да бидат во право им е поважно отколку да ја разберат другата личност.

„Нивна работа.“

Недостатокот на емоционална интелигенција често се огледува во односот пред луѓе кои вршат услужни дејности. Ладните личности кон келнерите, продавачите или чистачите се однесуваат како да се таму само за да служат, без минимум човечка топлина или внимание.

„Ништо не ти должам.“

Оваа реченица открива изразен егоизам. Луѓето кои ја изговараат, ги ставаат личните интереси пред припадноста кон заедницата или одржувањето здрави односи со другите.

„Ти си избра така.“

Наместо да дадат поддршка во тешки времиња, емоционално оддалечените луѓе имаат тенденција да ја префрлаат вината врз другите. Во ситуации кои бараат разбирање, тие ги посочуваат грешките и лошите одлуки на другите луѓе.

„Не сфаќај ме лично, но...“

Оваа фраза често претходи на навреда или остра критика. Луѓето на кои им недостасува емпатија честопати нанесуваат емоционална болка, правдувајќи го сето тоа со „искреноста“. Изјавите како „Не го сфаќај ова лично, но грешиш“ или „Без навреда, но ти си виновен/а“ служат како обид да се префрли одговорноста за повредените чувства врз другата личност.

Емоционалната студенило не мора секогаш да биде отворено непријателско - понекогаш може да се скрие зад рационалност, дистанца или изглед на искреност. Затоа е важно да се препознаат комуникациските обрасци што укажуваат на недостаток на емпатија и да се заштитат сопствените граници во односите со таквите луѓе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата